Сезоната на ајвар годинава почна порано

Годинава климатските услови и топлото време го забрзаа зреењето на црвената пиперка, односно македонската ајварката поради што и сезоната на откупот почна еден месец порано. Откупните цени на локалните пазари имаат голема разлика. Се движат од 18 до 40 денари за килограм, пишува Курир.

Сезоната на ајвари почна еден месец порано од лани. На локалните пазари понудата е многу голема, а пиперките ги откупува и конзервната индустрија.

Во деновите кои доаѓаат се очекува да се зголеми побарувачката  на зеленчукот за подготовка на зимници, особено на пиперката-ајварка, па земјоделците се надеваат,  покрај конзервните фабрики и на добар пласман на тезгите на пазарите.

Во струмичко, во првата недела од септември преработувачите ја откупувале од 14 до 16 денари за килограм,а  на пазарот на големо цената била 18, додека на кванташкиот во Скопје ајварката чинела по 20 денари за килограм.

На пазарите на мало, најевтино се нудела во Пробиштип по 23, во Скопје во просек по 30, додека најскапа била на пазарот во Охрид по 40 денари за килограм.

 
 
19.09.2016 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега