Драма во Карпош: Младо момче намерно го прегазиле со кола

 

Петнаесетина минути по полноќ додека К.К. од Карпош се движел по улицата „Франклин Рузвелт“ со уште двајца негови другари, забележал како, од возило „Крајслер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато машко лице, непозната девојка викала. К.К се доближил до возилото и прашал што се случува, а тогаш возачот излегол, физички го нападнал, влегол во возилото, истото полукружно го свртел и намерно го удрил скопјанецот, по што избегал.

Момчето било однесено во болницата „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош, и му биле констатитани телесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување.

Од страна на полициски слижбеници  пронајден е возачот на возилото. Се работи за 36-годишниот С.Ц. од Скопје, ко бил приведен во полиција за понатамошна постапка.    

 
 
19.09.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега