Една недела од земјотресот во Скопје - тлото се смири, паниката стивнува

Поминаа седум дена од страшниот земјотрес во Скопје од минатата недела, кој ги остави скопјани во паника, без сон и мир. Во неделата во 15 часот и 10 минути, се случи земјотрес со јачина од 5,3 степени, поради кој многумина жители на повисоките згради не спиеја дома, седеа во шатори, одеа кај роднини и пријатели, а потресите кои следуваа и по овој земјотрес, дополнително ги испллашија жителите на главниот град.

Пред земјотресот во 15 часот и 10 минути, истиот ден имаше уште два земјотреси утрината во 7 часот, додека по силниот потрес, исто така продолжија серија посилни и послаби потреси. За среќа, тлото се смири и неколку дена во Скопје не е почувствуван земјотрес, што ги смири жителите.

Најсилниот земјотрес по оној од 5 степени, беше почувствуван со магнитуда од 4 степени.

Освен Скопје, се тресеше и целиот Балкан. Земјотреси сеуште има во Турција и Грција.

Да се надеваме дека тлото ќе остане мирно и скопјани ќе можат да здивнат.

 
 
19.09.2016 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега