Ова се четирите мерки на ВМРО-ДПМНЕ со кои ќе заживее спортот во Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, промовираше четири нови мерки за спортот во Македонија.

1 мерка е Зголемена поддршка на државата за спортските федерации чии дисциплини се олимписки. Ќе се издвојуваат средства од обложувалниците и автоматите, за развој на спортот. Ќе има и законски измени кои по јавна расправа ќе влезат во процедура.

2 мерка е Финансирање на клубови и спортски федерации преку ограничено ослободување данок на добивка на компании кои ќе ги финансираат спортските клубови и спортисти.

Третата мерка е дирекно биџетско финансирање спортови кои немаат своја лига, за организирање нивна лига. Ќе се издвојат до 700.000 евра за финансирање. 

Четвртата мерка е носење врвни странски тренери за обука на нашите спортисти. Оваа мерка ќе се применува од година во година, од септември 2017.  Веќе се обезбедени пари за првите тренери со големи меѓународни успеси.

- Да работиме заедно за успех на македонските клубови, спортисти и репрезентации, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

 
 
19.09.2016 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега