Средба Јолевски – Креј: Задоволни сме од постигнатото соработката продолжува

   

  „Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт со многубројните активности во изминатиот период докажаа дека се вистински партнери. Одличната соработка и интензивните контакти продолжуваат и во иднина“, заклучија на денешната средба во Министерството, министерот за одбрана Зоран Јолевски и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал – мајор Стивен Креј.

            Министерот Јолевски на средбата посочи дека Македонија високо ја вреднува соработката со државата Вермонт, САД. Во тој контекст министерот посочи дека пример за високото ниво на соработка е и испраќањето на двајца питомци од Воената академија на школување во најстариот приватен воен универзитет, „Норвич“, пракса која ќе продолжи да се реализира и во иднина. Министерот додаде дека токму военото образование е едно од приоритетите на Министерството, споменувајќи го новиот Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир, „Дамјан Груев“. Соговорниците разговараа и за интензивирање на трилатералното партнерство помеѓу Македонија, Вермонт и Сенегал.

Генералот Креј, кој е во неколкудневна посета на Република Македонија оствари средба и со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Методија Величковски, а планирано е да ја посети и јужната граница со цел запознавање со активностите на Армијата на Република Македонија во справување со предизвиците од мигрантската криза.

            АРМ и НГ на Вермонт реализираат поголем број активности поврзани со одбраната и безбедноста, меѓу кои разни форми на обуки, семинари, школувања, меѓусебни посети и изведување на заеднички вежби.

 
 
19.09.2016 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега