Адеми се сретна со новиот унгарски амбасадор Иштван Дукс

Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми денека во Скопје се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Унгарија во Република Македонија, Ласло Иштван Дукс.

На состанокот, информираат од СЕП, Адеми ја истакна добрата соработка меѓу двете земји во повеќе области, од кои особено ги издвои поддршката за евро-атлантската интеграција, како и соработката во справувањето со мигрантската криза и помошта од Унгарија за обезбедување на границите, со надеж за понатамошно продлабочување на истата.

На средбата се дискутираше и за клучните активности реализирани изминатиот период согласно обврските кои произлегуваат од Политичкиот договор, при што двајцата ја истакнаа важноста на организирање демократски и кредибилни парламентарни избори. Вицепремиерот подвлече и дека останува посветеноста на Владата и за исполнување на обврските кои произлегуваат од Итните реформски приоритети како и целосна имплементација на препораките од анализата на Охридскиот рамковен договор.

Вицепремиерот Адеми му посака на новиот унгарски амбасадор Иштван Дукс успешна работа во текот на неговиот мандат, изразувајќи надеж за понатамошно продолжување на добрата соработка и нејзино унапредување.

 
 
19.09.2016 - 15:37
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега