ФЗОМ: Ременски промовира ослободување од давачки за лица кои веќе 16 години не плаќаат партиципација

Ја разбираме потребата на г-ѓа Ременски да изгледа дека нешто работи, но Фондот сака да информира дека категориите граѓани кои ги спомна, се веќе ослободени од партиципација и истите не плаќаат партиципација согласно Законот за здравствено осигурување уште од 29.3.2000 година, односно цели 16 години, реагираат од ФЗОМ.

-Добро е што г-ѓа Ременски дознала дека не постојат законски пречки за ослободување од партиципација, согласно Законот за здравствено осигурување, за децата со посебни потреби, корисниците на постојана парична помош, лица сместени во установа за социјална заштита и во друго семејство според прописите за социјална заштита и душевно болни лица сместени во психијатриски болници/ментално ретардирани лица без родителска грижа.  Согласно Законот за општа и управна постапка, надлежната државна институција која води регистар, е единствено надлежна да издава потврда, во случајов тоа е Министерството за труд и социјална политика, стои во реакцијата на Фондот.

ФЗОМ  уште пред неколку недели ги извести медиумите дека е надминат проблемот со потврдите кои треба да ги издава Министерството за труд и социјална политика, а врз основа на кои ФЗОМ се понуди да издава известување за овие лица, со цел непречено остварување на права од здравственото осигурување.

 
 
19.09.2016 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега