Укинат притворот на Владимир Талевски

Апелациониот суд Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на осомничениот В.Т. кој е дел од предметот на СЈО познат во јавноста како „Транспортер“, се уважува, а решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје се преиначува и со тоа мерката куќен притвор се укинува. Имено, против осомничениот се определува мерка на претпазливост, обврска истиот да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основен суд Битола.

 
 
19.09.2016 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега