Зоран Бошковски- Чоко ја поздрави мерката на ВМРО-ДПМНЕ за ангажирање врвни странски тренери

Од септември идната година ќе се ангажираат врвни тренери од странство во спортските академии каде се градат младите и идни врвни спортисти.

Ова е една од 4-те мерки кои вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги презентираше, а се во областа на спортот.

Планот е, како што истакна Груевски, да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери.

Секое вложување во спортот е за поздравување, вели стрелецот на првиот гол за  македонската фудбалска селекција Зоран Бошковски- Чоко, по однос на новите мерки кои се најавени.

-Само така може да се оди напред, со повеќе вложување и инвестирање. А што се однесува оваа мерка е за поздравување доколку тренерите бидат од врвен калибар, квалитетни и кога ќе дојдат во Македонија да разменат искуства со македонските тренери. Да може да нова идеја, нова филозофија која сигурно ќе придонесе понатаму за уште подобар развој на македонскиот спорт, вели Бошковски.

За следната година веќе се обезбедени пари во буџетот предложен од МФ, за ангажман на првиот тренер со поголеми меѓународни успеси кој на постојана основа ќе биде ангажиран со договор и ќе работи во фудбалската академија во Скопје.

Од 2018-та ќе се продолжи со ангажман на други вакви тренери и во други спортови и во спортските академиите различни градови.

-Само со перманентно вложување можеме да дојдеме до позитивни резултати. Резултати не може да се постигнат за неколку месеци, но со континуирано вложување мислам дека во наредниот период, во следните години може да го подобриме квалитетот и да имаме поквалитетен фудбал, вели тој.

Бошковски вели дека има заинтересираност за тренирање фудбал, но дека денеска младите поради технологиите имаат многу опции за пополнување на слободното време, но додава дека само спортот носи здравје и здрава и напредна младина.

-Овие мерки се во таа насока, да им се овозможи на генерациите да имаат што подобри услови и инфраструктура и учители за да можат во некој иден период да го подигнат нивото на македонскиот фудбал.

Младите, додава тој, треба повеќе да спортуваат, да бидат упорни и дека само така ќе имаат позитивни резултати, не само во спортот туку и во животот.

 
 
20.09.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега