СИТЕЛ: Три денари субвенција за винарниците кои ќе откупуваат грозје од сортата Вранец

По три денари за килограм откупено грозје  вранец ќе добијат винариите. Услов да ги добијат субвенциите е  да откупат количини над 60 отсто поголеми од она што го откупиле ланската година, но не повеќе од 130 %. Како што посочи министерот Цветков Владата на вчерашната седница ја донела одлуката  за да им помогне на лозарите, односно да ги стимулира винариите да го забрзаат  откупот. Вранецот поради дождот не смее да остане на лозовите плантажи и мора да се откупи во следните неколку дена.

Очекувањата се дека со мерката ќе се откупат над 30 милиони кг грозје. Цветков потенцираше дека откупните центри работат со полн капацитет и до недела би требало целосно да заврши бербата на вранецот.

Од двете винарии кои имаа долг  кон лозарите за откупеното грозје лани само Повардарие ги има исплатено сите производители, додека другата винарија со долг од милион евра сеуште ги нема подмирено побарувањата. Со ова ја има изгубено лиценцата и нема право да откупува.

До вчера се откупени над 43 милиони кг грозје од кои 26 милиони се вранец.

 
 
20.09.2016 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега