Светската трка за Мир ќе помине и низ градот под Марковите кули

Глобалниот настан „ТРКА ЗА МИР“,  која опфаќа светски размери, а секоја втора година ја обиколува Европа поминуваќи 24.000 километри , оваа година во својата рута ја вклучи и општина Прилеп каде на 24 Септември во 12:30 часот ќе пристигне во Прилеп.

-Сите заинтересирани кои имаат желба да се приклучат на тркачите може тоа да го направат на влезот од градот, т.е  кај бензиската пумпа на Лук Оил. Факелот за мир кој што поминува во повеќе од 150 земји ширум светот, свечено ќе го причека и градоначалникот Марјан Ристески кој ќе оствари средба со организаторите и учесниците, информираат од општина Прилеп.

Трката нема натпреварувачки карактер, туку е промоција на меѓународниот мир, единство и меѓусебно разбирање. Илјадници и илјадници луѓе го држат овој факел замислуваат желба за мир.

Сите овие желби патуваат насекаде низ светот, но секако и низ 48 – те земји кои што Трката за мир ги посети оваа година низ Европа.

 
 
22.09.2016 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега