Доаѓа есента - часовникот се враќа еден час назад, ќе се стемнува во 17 часот

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 16 часот 22 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.

На почетокот на есента, Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

Метеоролозите за првиот есенски ден најавуваат облачно време со повремен ветер. Максималната температура ќе достиге до 23 степена.

Есента ќе трае 91 ден, до 21 декември во 11 часот и 44 минути кога настапува зимата.

Есента го носи и зимското сметање на времето.

Зимското сметање на времето оваа година ќе почне на 30 октомври, во 3 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Иако денот се уште трае до 19 часот, како што доаѓа зимата, се порано се стемнува, а зимското сметање на времето дополнитено ќе придонесе за тоа.

 
 
22.09.2016 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега