Иванов - Ал-Насер: Значаен придонес и поддршка од Македонија за Алијансата на цивилизациите

Значаен придонес и поддршка дава Република Македонија на Алијансата на цивилизациите и нејзините иницијативи, кои имаат важна улога во градењето мир преку дијалог меѓу различните, констатираа претседателот Иванов и Високиот претставник на ‎Обединетите нации за Алијансата ‎на цивилизациите, Насир Абдулазиз Ал-Насер, на средбата одржана во рамки на 71. Генерално собрание на ОН.

 Република Македонија има исклучително активна улога во Алијансата на цивилизациите и ние како држава имаме што да понудимеСо нашето инклузивно општество во кое што се негува традицијата на дијалог и почитување на различноста сме позитивно искуство и пример којшто треба да биде следен“, истакна претседателот Иванов.

 На средбата беше разговарано за улогата на Алијансата на цивилизациите во справувањето со светките предизвици, како и за неопходноста од унапредувањето на  дијалогот и соработката меѓу државите, во насока на зачувување на глобалниот мир, стабилноста и просперитетот.

 Во тој контекст, претседателот Иванов ја истакна потребата Алијансата да се посвети на позитивните искуства за дијалог што извираат од самото општество, во кое сите учесници ќе се чувствуваат еднакви, оценувајќи дека во иднина дејствувањето на организацијата треба ‎да биде фокусирано на превентивниот аспект.

 Потребата сите членки да се вклучат со сопствени иницијативи во реализација на целите на Алијансата на цивилизациите се неопходни како никогаш досега, заклучија соговорниците.

 Високиот претставник на ОН, Ал-Насер, изрази благодарност до претседателот Иванов за неговата лична посветеност и поддршка на оваа глобална иницијатива.

 „Високо ги цениме вашите идеи и размислувања и тие даваат важен придонес во дејствувањето и работата на Алијансата, која иако е сеуште млада организација, веќе дава свои резултати", истакна Ал-Насер на средбата со македонскиот претседател.

 Двајцата соговорници изразија подготвеност за продолжување и продлабочување на тесната соработка и во наредниот период.

 На средбата беше потпишан и Меморандум  за соработка меѓу UNAOC – Алијанса на цивилизациите на Обединетите Нации и ФОЦ – Фондацијата Алијанса на цивилизации од Скопје, со кој во иднина треба дополнително да се интензивира соработката.

 Претходно, претседателот Иванов во рамки на учеството на 71 Генерално собрание на ОН, оствари средби и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со полскиот и со египетскиот претседател, Анджеј Дуда и Ал-Сиси, со премиерот на Норвешка Ерна Солберг, со кралот на Јордан Абдула II и присуствуваше на приемот што за учесниците на 71. Генерално Собрание на ОН го приреди американскиот претседател Обама.  За време на посетата на Њујорк, македонскиот претседател ја посети и македонската заедница во Сидер Гров, Њу Џерси.

 

 
 
22.09.2016 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега