Зврлевски домаќин на Генералниот обвинител за меѓународна соработка на Холандија

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски оствари средба со Генералниот обвинител на Кралството Холандија кој го води Секторот за меѓународна, европска и соработка со Карибите, Алберт ван ден Керк и со  Корнели Бакер, јавен обвинител.

Целта на посетата беше зајакнување на соработката помеѓу јавните обвинителства на Република Македонија и на Кралството Холандија. Во таа насока е и соработката која се реализира преку ангажманот на јавниот обвинител  Бакер во рамките на ИПА Проектот „Меѓународна соработка во кривичната материја: Јавнообвинителска мрежа на Западен Балкан“.

На средбата беа презентирани системите и начинот на функционирање на двете обвинителства во предмети со меѓународна правна помош , како и натамошните чекори за унапредување на соработката.

 
 
22.09.2016 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега