Џафери се сретна со експерти од правниот сектор на САД

Министерот за правда Валдет Џафери, денеска оствари средба со претставници од Секторот за правда на САД, Кетрин Њукомб, Ерик Трини и Дана Мулхаусер и со претставници од американската Амбасада, Леви Смили и Адриан Исмаили, кои престојуваат во Република Македонија по повод одржувањето на Конференцијата за заштита на верските слободи и спречување на дискриминацијата и на насилството.

Џафери, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата информирал за преземените чекори од Министерството за правда во однос на инкриминација на јазикот, омразата и дискриминацијата врз основа на полот, расата, верата, религијата.

На средбата, Џафери ги известил претставниците на Министерството за правда на САД за работната група која е оформена во рамките на Министерството за правда со претставници од различни институции.

Министерот за правда изразил подготвеност за соработка и помош која доаѓа од страна на САД во насока на размена на искуствата од ова област но и од други сфери од правосудството. 

 
 
22.09.2016 - 13:12
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега