Николоски на мониторинг комитетот на ПС на СЕ

Пратеникот Александар Николоски учествуваше на денешниот состанок на Мониторинг комитетот на Парламентарното собрание на Совет на Европа во Тирана како преставник на ВМРО-ДПМНЕ.

На состанокот, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, зад затворени врати било разговарано за напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа, како и успешното надминување на политичката криза со предвидените предвремени избори на 11. декември.

Македонија е во пост мониторинг дијалог со Советот на Европа

 
 
22.09.2016 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега