СИТЕЛ: Вируси ги наполнија амбулантите

Вируси ги наполнија амбулантите на педијатрите. Дневно прегледуваат и по стотина болни.  Од први семптември кога почна учебната година а се наполнија и градинките, постојано расте бројот на оние кои се жалат на болно грло, растечен нос и кашлање. Драстичните температурни разлики  од 5 степени наутро до 30 напладне, според лекарите најлошо влијаат кај децата.  Од статистиката на Институтот за јавно здравје, минатата недела од 10 000 случаи со инфекции на горни и долни респираторни патишта,  3300 се дечиња до 6 годишна возраст.

-Имаме драстично зголемување на бројот на пациенти. Временските промени многу влијаат бидејќи дечињата, односно, нивниот имунитет не може да се прилагоди на тие разлики. Прво почнува течење на нос, кашлица, а кај некои случаи има и пролив и повраќање, вели Светлана Смугреска, педијатар

Педијатрите советуваат дека родителите не треба да ги претрупуваат децата со хемии давајќи им разни препарати за имунитет. Разновидната а не еднолична исхрана според детските лекари е неопходна во трката со вирусите и настинките.

-Не треба да се претерува. Имав родтиел кој наутро му дава на детето неколку препарати го носи во градинка и потоа прасдува зосто се разболува. Децата едни со други се дружат и ако едно е болно се шири. Кај вирусите е најдобро два три дена да се остане дома, вели Смугреска

Личната хигиена, честото миење на рацете и проветрување на просториите се дел од превентивните мерки во сезоната на вируси и настинки. 

 
 
22.09.2016 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега