СИТЕЛ: Над 2500 медицински лица до сега биле на доедукација во врвни странски болници

Над 2500 медициснки лица биле на обука во познати странски болници. Како резултат на доедукациите во македонските болници веќе се применуваат голем број на нови методи на лекување.

-Голем број лекари, над 2.500 досега, веќе ги завршија своите обуки во странство во некоја реномирана болница, клиника, или медицински центар и резултатите се дека 70 проценти од нив методите што таму ги научиле веќе ги применуваат во македонското здравство, а претходно не ги познавале и не ги применувале. Така што имаме нова додадена вредност со овој проект. Оваа година 500 лица веќе заминаа на обука, а околу 300 треба да заминат до крајот на годинава на обука. Голем дел од нив заминуваат во Европа, во Германија, Англија, Италија, други држави, голем дел заминаа и во САД, еден дел во Азија, во Кина, но најголем дел се концентрирани во Европа, особено во Германија и Италија, рече  Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Груевски додаде дека ова е еден од најзначајните проекти во здравството, по набавката на нова опрема и изградбата и реконструкција на болници.

-Она што го забележав во изминатиот период е дека на почетокот имаше некаков отпор од страна на медицински персонал, а подоцна ситуацијата се промени и прерасна во натпревар кој почесто и побрзо ќе замине и ќе научи некоја нова метода. Јас сум многу радосен заради тоа затоа што со една ваква можност им се дава на лекарите коишто имаат амбиција, капацитет и желба да напредуваат навистина тоа да го имаат. Не само да читаат од некоја книга или да гледаат од интернет, туку директно да заминат во медицински центри, болници, познати клиники и од врвни научници од медицинската област да научат најнови методи кои се користат во таа држава и во тој медицински центар и да го применат во РМ,  додаде Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Медицинскиот кадар знаењето го доусовршува во познати болници во Европа, САД, Австралија и Азија. Но најголем дел учат нови методи во Германија и Италија.

 
 
22.09.2016 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега