СИТЕЛ: Ден на мобилност во Скопје

Почесто користење на велосипедот како превозно средство, не само поради економската исплатливост туку и за заштита на животната средина и намалување на загаденоста. Ова е пораката која ја упатија учесниците во велосипедското дефиле во Скопје како дел од Европската недела на мобилност. Меѓу 2000 учесници беше и евроамбасадорот Жбогар кој порача почесто користење на велосипедот за добро здравје и заштеда.

Дефилето за Денот без автомобили стартуваше од плоштадот Пела кај Порта Македонија а заврши во градскиот парк. Велосипеди возеа голем број граѓани, но и политичари, раководни лица на партиите и градоначалници.

Оваа година Европската недела на мобилност се одбележува во повеќе од 2300 градови и 51 држава од Европа и светот.

 

 
 
22.09.2016 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега