Скандалозно: СДСМ сака да ја спаси Јанева од дебата за Извештајот во Собранието
СДСМ очајно се обидува и бара било каков начин да ја извади и спаси специјалната обвинителка Катица Јанева од дебатата за Извештајот за работата на СЈО која што веќе трет ден се води во Собранието на Република Македонија.
Предмалку на Комисијата за политички систем, пратеничката од редовите на СДСМ Рената Дескоска го искористи правото и преку процедурална забелешка даде предлог специјалната обвинителка Катица Јанева повеќе да не присуствува на Комисијата, а притоа и од Претседателот на Комисијата побара расправата по Извештајот да продолжи и во сабота и недела, без нејзино присуство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа