СИТЕЛ: Се бараат подобри решенија за градскиот превоз во Скопје

Досега пет екипи се пријавиле на повикот за иновативни идеи за подобар јавен превоз во главниот град.

Надлежните и денес со апел сите заинтересирани млади иноватори и компании не постари од 6 години да се пријават и да ја искористат можноста да почнат иновациска дејност како и да помогнат за подобар, поквалитетен и побрз јавен превоз.

Треба да дадат иновативни идеи со кои ќе се намали метежот во автобуските линии  кои се најоптоварени, како 5ка 15ка 22ка 19ка  и 57ца.

За реализација на овие идеи од особено значење ќе бидат лабораториите на техничките факултети во кои државата инвестираше изминатиот период. Апликантите ќе можат да ги користат и таму да ги развиваат своите идеи.

Повикот трае до 15ти октомври. Најдобрите ќе добијат парична награда од 45 000 денари како и бесплатно користење на рекламниот простор на ЈСП, односно преку автобусите и постојките кои се нудат како рекламни површини.

 
 
23.09.2016 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега