Температурите наутро под нулата: Викенд временска прогноза

 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до девет, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Следува период на сончево време со мала до умерена облачност и со студени утра. Максималната температура на воздухот ќе биде без некои позначителни промени. 

 
 
24.09.2016 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега