Започна Преспанскиот јаболкобер 2016

Во Ресен се одржува 12. манифестација  Преспански јаболкобер 2016, преку која се слави почетокот на бербата на преспанското јаболко што традиционално започнува во деновите околу православниот празник Крстовден, на 27 септември.

На петдневната манифестација, што беше отворена синоќа, меѓу другото, ќе се реализираат и детски музички хепенинзи, промоција на книги, гостување на НУ Турски Театар- Скопје и слично.

Во Ресен преку сопствени креации најмладите преспанчани ќе се престават на детскиот Еко Базар, додека пак на главниот саемски ден преку 40 компании ќе промовираат сопствени производи и земјоделска механизација која пред преспанчани и присутните гости треба да ги презентараат најновите достигнување во  практицирањето на одржливо овоштарство. Ќе се одржат и традиционалните турнири посветени на младински категории во фудбал и ракомет, а ќе биде одржана и научна трибина посветена на Современите пристапи во наводнувањето и фертилигацијата во земјоделското производство.

Манифестацијата завршува на 27 септември со свеченото откинување на првото јаболко во овошните насади на „Свислион Агроплод“ и со доделување на општнски награди и признанија. 

 
 
24.09.2016 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега