Поради немање кворум прекината 120. собраниска седница

- Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски поради недоволниот број пратеници ја прекина 120. седница, а продолжението ги закажа за во 14 часот.

На дневен ред на оваа седница се Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот од 15 март до 15 септември годинава и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

На собраниската седница и претходеше координација на пратеничките групи за текот на седницата и распоредот на дискутантите.

Во моментов по шестмесечниот Извештај за активностите на Специјалното јавно обвинителство се дебатира на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисиската расправа почна во среда минатата недела.

 
 
26.09.2016 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега