СИТЕЛ: Народната банка регистрира понизок економски раст од предвидениот

Понизок раст од очекуваниот во вториот квартал, објави Народната банка во најновиот извештај. Економијата пораснала за  2,2%, додека Централната  банка предвидуваше раст од 3,8 . Ова  се должи поради понискиот раст на бруто инвестициите од очекуваните  - што упатува на надолна ревизија   на економскиот раст за цела 2016 та година. Девизните резерви растат со повисоко темпо од очекувањата, што се должи на издадената еврообврзница од страна на државата и во помал дел од девизните депозити на домашните банки во НБРМ, како и интервенциите на Народната банка преку откуп на девизи. Извештајот регистрира дека вкупните депозити во јули  се пониски од очекуваните , наместо 7,4 порасанале за само 3,4 отсто.  Пад бележат и кредитите,  поради намаленото кредитирање на фирмите, а има умерен раст  на кредитите кај домаќинстава. Од јануари до јули буџетскиот дефицит изнесува 8,953 милиони денари, што е 38,7% од планираниот дефицит, кој во  најголем дел беше финансиран со издавањето  еврообврзница.

Последните макроекономски податоци покажуваат за поизразени ризици  во однос на сценариото во априлските проекции.

Ревидирана  надолу се и ефективната странска побарувачка , инфлацијата, која поради  падот на цените на нафтата  ќе биде малку пониска. Ќе се намалуваат и цените на основните прехранбени производи . Кај пченката се очекува двојно пониска цена од  очекуваната.  Во однос на металите  кај никелот се очекуваат поповолни движења , додека кај бакарот  понеполволни.  Закрепнување на нивните цени се очекува во 2017

 Каматните стапки ќе останата на ниско ниво. Растот на просечната нето плата  и натаму забавува. Платите се зголемиле единство во земјоделскиот  сектор, градежништвото и  и индустријата, додека во сите останати сектори има пад.

Раст во вториот квартал е забележан кај извозот и личната потрошувачка, но со побавно темпо од очекуваното,.  додека пад бележи јавната потрошувачка.

 Индустриското производство  во јули порасна за 5,1% што се објаснува со повисокиот  раст во  преработувачката индустрија, пред се  во дејностите каде што произведуваат странските  извозни капацитети.

Личната потрошувачка се очекува да расте поради  зголемените пензии , растот на кредитирањето кај населението и прометот. Ќе се зголемуваат е заштедите, но не со толкава динамика колку што се очекуваше.

Влошување на глобалното економско опкружување, одлуката за излез  на Британија од Унија  доведе до надолни ревизии на растот на светската економија, при значително зголемување на економската, политичката и институционална неизвесост. Сепак, се оценува  дека краткорочните ефекти врз активноста  во еврозоната нема да бидат толку изразени.

 
 
26.09.2016 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега