Нов мамограф кој ќе спасува животи во Кавадарци

Нов најсовремен дигитален мамограф е ставен во функција во Општата болница во Кавадарци. Станува збор за апарат од најнова генерација, комплетно дигитален и со многу мало зрачење. 

- Почна со работа мамографот во Општа болница Кавадарци, како што беше најавено на почетокот од месецот од страна на министерот за здравство Никола Тодоров, при неговата посета на оваа здравствена установа, информираше денеска директорот на болницата, Орцо Ангеловски.

Медицинската услуга на мамографот ќе можат да ја користат околу 30.000 жени од регионот.

- За после 20-ти овој месец најавивме старт со работа на овој апарат и еве тој веќе започна со давањето на медицински услуги во рамки на „Мој термин”. Можам да кажам дека веќе е откриен и еден сомнителен случај, рече Ангеловски. 

Во наредниот период ќе се направат напори да се почне и со скринингот, односно со превенција за рана детекција на ова малигно заболување кај женската популација.

Апаратот, набавен од Министерството за здравство, е инсталиран на рендген одделението во болницата. 

 
 
27.09.2016 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега