Претседателот Иванов ќе ги додели наградите „Борис Трајковски”

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2016/2017 година. 

Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација - МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии, при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија. 

Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот „Шефилд“. 

 
 
28.09.2016 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега