Тридневен саем „Во светот на мозаикот“

 

Во галеријата Чифте амам и на Факултетот за ликовни уметности (Сули ан) денеска и утре, и во ЕУ Инфоцентарот на 30 септември, ќе се одржува Саем на мозаик „Во светот на мозаикот“ во организација на ДМВЦ (Добредојде Македонија Welcome Центар).

- Саемот „Во светот на мозаикот“ има цел да го промовира и поттикне мозаикот како креативна индустрија во Македонија. Ќе се соберат мозаичарите од земјата и странство и ќе ја промовираат оваа форма на уметност меѓу уметниците, артизаните и јавноста. Учесниците ќе имаат мени на активности за избор, за почетници, како и за искусни мозаичари, соопшти организаторот.

Презентери на саемот на мозаик се Лиле Корубин, Жеро Клошард и Елена Чемерска.  Ќе бидат одржани и три работилници, а на 1 октомври учесниците ќе ги посетат мозаиците во Пелинце, Споменикот на слободата во Кочани и на локалитетот Стоби. 

 
 
28.09.2016 - 08:18
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега