Убавините на Македонија на најновата туристичка мобилна апликација на Гугл

Македонија е една од земјите која со својот туристички производ се најде на најновата мобилна апликација на Гугл - Google Trips.

Станува збор за персонализиран водич за патување, кој им овозможува на туристите на полесен начин да го организираат своето патување во еден од 200-те топ градови во светот препорачани од Гугл.

Република Македонија е застапена на апликацијата со популарните туристички атракции на Охрид, Скопје, Битола и други градови, како и предлог ресторани и хотели низ државата. Предложените локации се категоризирани според однапред определени стандарди на Гугл – „Top Spots”, „Indoors”, „Farhter Away”, „Places A-Z”.

Мобилната апликација им нуди опција на посетителите да си ги испланираат патувањето со зачувување на своите резервации, посета на омилени дестинации, план за денот, препорака за храна, како и опции кои помагаат со дополнителни неопходни информации за конкретната земја. Користењето на апликацијата е можно без поврзаност на интернет, а Гугл ова го прави со следење на неколку информации за патувањето на личноста како хотели, резервации во ресторани и слично, а потоа препорачува активности кои можат да се прават во близина на местото каде се наоѓа туристот.

„Гугл“ информира дека приватниот сектор има можност да биде дел од оваа апликација и да ја промовира својата понуда преку означување (мапирање) на својот производ на Google Maps. 

Како што соопштија од „Гугл“ одлучиле да ја креираат оваа апликација по студија спроведена на Е-маркетер (Агенција за маркетинг истражување во дигиталниот свет) коишто најавија дека туристите се повеќе користат мобилни телефони за да го испланираат своето патување.

Очекувањето е дека до крајот на годинава, 50 отсто од интернет резервациите ќе бидат вршени преку мобилен телефон, а до 2019 овој процент ќе достигне 70. 

 
 
28.09.2016 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега