Пратениците ја почнаа расправата за буџетот за 2017

Во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет денеска почна расправата по Предлог буџетот на Република Македонија за 2017 година.

Според предлог, вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од БДП, односно 18,6 милијарди денари.

Капиталните инвестиции се планирани на 26,95 милијарди денари.

Буџетот е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3 проценти, а инфлацијата да остане на ниво од 1 отсто.

Предлогот пред членовите го образложи министерот за финансии Кирил Миновски кој рече дека Предлог-буџетот за 2017 година се базира на три основни постулати, а тоа се развој, кој базира на високиот износ на капитални инвестиции, социјална заштита на најранливите категории граѓани и етапно намалување на буџетскито дефицит за да се постигне фискална консолидација на среден рок.

Според него главениот приоритет на буџетот е поддршка на приватниот сектор бидејќи, како што рече, е клучен за економскиот развој на земјата и е единствен кој може да креира нова вредност.

 
 
28.09.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега