Сообраќајка на патот Струмица-Радовиш: Сообраќајот пренасочен
Поради сообраќајна незгода денеска од 11 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица-Радовиш кај село Калуѓерица, информира Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот е пренасочен од село Калуѓерица до село Сурдулица.
Засега не е познато како дошло до сообраќајката, ниту дали има повредени лица.
Се очекуваат детали.
28.09.2016 - 12:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа