Го потиснала метална решетка - гевгеличанец почина во тешки маки

 

Во текот на вчерашниот ден во 12 часот во Јавната здравствена установа Гевгелија без знаци на живот бил донесен 40-годишниот Т.С. од Гевгелија. По добиената пријава, од  страна  на  Основното јавно обвинителство и екипа од полицијата, заедно со  трудов инспектор, излезено било на местото на настанот и било констатирано дека околу 11 часот во селото Николиќ, дојранско, во кругот на „Дојран Стил“, Т.С. при вршење на работни задачи како вработен во „Нов Дом ДООЕЛ“ Гевгелија бил потиснат од метална решетка. Истиот  од здобиените повреди починал на пат кон болницата.

По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција. 

 
 
28.09.2016 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега