СЈО објави: Хакирани сме - ќе ги преземеме сите мерки

По објавеното видео на кое се гледа неовластено влегување во електронската пошта на Специјалното јавно обвинителство, од СЈО излегоа со соопштение. Го пренесуваме во целост. 

Со оглед дека повеќе медиуми изразија интерес за нашиот став во врска со објавеното видео на каналот youtube, а кое се однесува на нашата електронска пошта, Ве известуваме следното:

Во текот на месец декември 2015 година беше извршен неовластен упад во нашата електронска пошта, по што од наша страна беа преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронска пошта. Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не беше пријавен пред надлежните органи, бидејќи во тој момент немавме никаква реална штета од упадот.

Меѓутоа, со оглед дека со објавата на youtube каналот јасно е изразена целта на упадот во нашата електронска пошта, Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот.

 
 
29.09.2016 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега