Драма во Основно Училиште во тетовско: Влегле со ножеви по наставникот

 

Вистинска драма се одвивала во текот на вчерашниот ден во 13 и 30 часот во селото Челопек, тетовско. Според податоците од полциијата, во  Основното Училиште „7-ми Март“, во канцеларијата на наставниците,  дошле С.З. и Н.З. од с.елото  и со ножеви се обиделе да нападнат наставник.

Се работи 56-годишниот  Џ.А. кој го фатил С.З. за двете раце за да се одбрани, а Н.З. со нога удрирал по масата, по што двајцата ја напуштиле канцеларијата. Причина за инцидентот било претходно укажување од страна на наставникот на синот на С.З. кој бил од друго училиште, да не се задржува непотребно во училишниот двор.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилниците и за целосно расчистување на случајот.

 
 
29.09.2016 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега