Привршува изградбата на елитниот станбен комплекс Ветрило во Скопје

Откако се појавија првите фотографии од Ветрило, овој елитен станбен комплекс го привлече вниманието на јавноста, предизвика интерес и љубопитност. Ветрило промовира нов стил на живеење, во мирна и еколошка средина, надвор од градскиот метеж а сепак на само 6,5 километри од центарот на Скопје, во близина на општината во с. Сопиште.

Голем број на луѓе пројавија интерес, го посетија местото уверувајќи се во хармонијата која се чувствува на овој простор, и пред се во чистината и свежината на воздухот која постои на ова место. И самото име Ветрило кажува дека ова е место каде ветрот не дозволува да се задржува смог и штетни честици во воздухот, проблем кој денеска навистина сериозно ги окупира жителите на главниот град.

А, комплексот се гради интензивно, за што сведочат и сликите кои ги направи нашата редакција овие денови. Во моментов се прават улиците меѓу објектите како и пристапот до самиот објект од регионалната улица. Сите администрaтивни работи се завршени, а дел од станарите кои први се одлучија да купат објект, веќе се договараат со инвеститорот за внатрешното просторно уредување. Затоа инвеститорот, компанијата Интерсофт ЛТД, размислува  дека најубаво е да се купи куќа дури е во градба за да  можат самите или со помош на архитектите  да учествуваат во изборот за уредување на внатрешниот ентериер по сопствена желба.

Комплексот е свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и да се овозможи и поубав поглед. 

Станува збор за внимателно осмислен нов концепт на куќи кои ги задоволуваат сите потреби на едно семејство. Со купување куќа во комплексот Ветрило трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух. Децата можат да растат во поинакви услови, да трчкаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер. Куќите кои се на два ката, навистина пленат со својата убавина. Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, за секој член во семејството. За љубителите на водени лудории архитектите осмислија и простор за базен. Ветрило е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.

Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од Институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом.

Комплексот се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е од 103 до 118 м2, распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба со отворен план и гостинско купатило, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Секоја станбена единица е со висока класа на енергетска ефикасност, приклучена на заеднички централен систем за греење и ладење, кој овозможува и постојана топла санитарна вода. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 160-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.

Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Инвеститор е компанијата Интерсофт ЛТД, градежна компанија која над 15 години гради современи простори на домување. Цената е 848 евра по квадрат плус 5% данок, со вклучено дворно место. “Ветрило”  е дел од проектот на Владата на Р.Македонија “Купи Куќа, купи стан” што овозможува субвенциониран кредит за оние кои ќе сакаат да купат куќа во овој комплекс.

Инвеститорот Интерсофт ќе подари базен или настрешница за оние клиенти кои овој период ќе склучат купопродажен договор

 

  Прашања можете да поставите преку фејсбук фан страната или преку меил info@intersoft.com.mk,   intersoft.doo@gmail.com или на Телефон: +389 2 3227941, +38975 254 956 

 
 
29.09.2016 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега