Инцидент во Основниот суд во Скопје
Вчера околу 10,00 часот во Основниот суд Скопје-1 од канцеларија на судија, 29-годишниот А.Б избегал од скопско Арачиново. Истиот бил приведен и во 10.00 часот со писмена наредба бил предаден на судијата за итен притвор. Откако судија потпишал наредбата и полициските службеници излегле надвор пред канцеларијата, А.Б искористил згодна прилика и избегал, односно скокнал преку отворениот прозор од канцеларијата. Инаку А.Б. секој понеделник се јавувал во судот во врска со случај за „криумчарење мигранти“.
30.09.2016 - 13:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа