Сирени и ротациони светла ги испаничија граѓаните - филмска бркотница во Македонија

 

Полицијата денес информира дека расчистен е случајот поврзан со кривично дело насилство случен на 6-ти август во близина на бензиската пумпа во село Градец, кога М.Г. со синот Н.Г. и сопругата М.Г. сообраќал на релација село Градец – село Сенокос со патничко возило ,,Фиат Стило“, при што во еден момент Х.Б. со товарно возило ,Цитроен“ се движел во истиот правец и ги испрскал со атмосферска вода, по што запрел.

-По ова помеѓу непознато лице и Н.Г. настанала расправија, а кога М.Г. сакал да го оттргне син му од расправија непознатото лице со нога го удрило М.Г. во пределот на градите. Потоа М.Г. го ставил во погон возилото и се упатил накај дома, но бил следен од возилото кое го управувал Х.Б. и по патот неколку пати удиран во задниот дел од неговото возило. Во селото Неготино во близина на амбулантата Х.Б. ги заобиколил и овој пат неколку пати со возилото ги удирал во нивното возило од предната страна. Кога Н.Г. се обидел да излезе од возилото Х.Б. со метален предмет клешти – папагалки замавнал кон него и го удрил во левата надколеница , а потоа продолжил да удира по нивното возило по шофершајбната, кровот, стаклото, штоп светлото, информираат од полицијата.

Кога забележал случајни минувачи Х.Б. влегол во возилото и го напуштил самото место. Н.Г. и М.Г. потоа се обратиле за медицинска помош во Медицинскиот центар во Гостивар, каде биле констатирани телесни повреди. НК за КР –  Гостивар го расчисти случајот и поднесе кривична пријава против Х.Б.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“.

 
 
30.09.2016 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега