Гостивар: Му позајмиле пари па му приредиле хорор
28-годишниот Н.М. 26-годишниот Ј.И. и 19-годишниот С.В. од Гостивар заработија кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изнуда“. Тие со намера за себе или друг да прибават противправна имотна корист со сериозни закани и сила сакале да изнудат парични средства во висина од 10.000 денари од лицето И.М. од Гостивар на име долг во износ од 10.000 кој истиот не го должел. По преземени мерки било утврдено дека И.М. од Н.М. зел на заем 2.700 денари пред околу 18 месеци, а по два месеци му вратил 700 денари и му останал должен 2.000 денари. Пред околу една година Н.М. започнал да му се заканува и физички да го малтретира. На 06.08.2016година околу 21.00 часот на И.М. му се јавил брат му и му рекол да излезе надвор, при што од патничко возило „Голф“ излегол брат му и Н.М., при што Н.М. и И.М. влегле во возилото во кое биле и Ј.И. и С.В. назад каде што седнал оштетениот, по што Н.М. го стратувал возилото и заминале од самото место. Тогаш првопријавениот му рекол дека ќе разговараат, а второпријавениот се свртел и го удрил по десното рамо, по што оштетениот се исплашил, ја отворил вратата и скокнал од возилото. Од падот се здобил со телесни повреди по што успеал да избега дома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа