Груевски меѓу граѓаните на Свети Николе - се решаваат проблемите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска е во општината Свети Николе ги посети населените места Црнилиште, Ерџелија и Мустафино.

На жителите од Ерџелија им беше ветено дека ќе се реши проблемот со доаѓањето на лекар од Здравствениот дом од Свети Николе. Во телефонскиот разговор со директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше информиран дека ќе се направи контрола во ова населено место и оти ќе бидат преземени сите мерки бидејќи согласно потпишаниот договор со ФЗОМ матичниот лекар има обврска да ги третира пациентите од тоа место.

Во Ерџелија во јуни следната година се очекува да започне изградбата на детска градинка, што е еднo од барањата на жителите од ова населено место. Градинката, како што информира градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев, ќе биде изградена во рамки на ОУ „Даме Груев“.

Жителите од Црнилиште укажаа и на одредени проблеми при откупот на млеко за што од  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков беа информирани дека е во тек изработка на софтверско решение со кое Министерството ќе се поврзе со откупувачите и ќе се има подобар увид за откупените количини.

 
 
30.09.2016 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега