Делови на Скопје утре без вода

Црешево и Смилковци утре и задутре ќе останат без вода, соопшти Општина Гази Баба.

Прекинот е поради дефект на водоводната мрежа во кругот на Железара. Екипи на ЈКП Гази Баба, РЖ Услуги и ЈП Водовод и канализација работат на остранување на дефектот.

Од Општината информираат дека за жителите од населените места Црешево и Смилковци ќе обезбеди цистерни со вода и флаширана вода.

 
 
30.09.2016 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега