Пуштен во употреба локален пат од Орел до клучката кон Куманово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска беше во посета на општина Свети Николе присуствуваше на пуштање на локалниот пат од село Орел до клучката кон Куманово, во должина од 4,5 километри.

За овој локален пат се инвестирани 12 милиони денари, обезбедени преку Програмата за рурален развој.  Во селото Орел, како што најави градоначалникот на Свети Николе, се планира да се изгради и етно куќа што ќе придонесе за развој на туризмот и во овој регион.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе направи увид и во градежните активности за реконструкција на двете најфреквентни улици во вкупна должина од 1.720 метри. Со реконструкцијата се врши и замена на водоводната и канализациската мрежа и се вградува и атмосферска канализација.

Парите, обезбедени преку Министерството за финансии, се во износ од 47 милиони денари. Се очекува градежните активности да завршат до декември годинава.  Ова, како што посочи градоначалникот на Свети Николе, е барање на граѓаните и е дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
30.09.2016 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега