Малолетен скопјанец дивеел со порше - 15- годишник се заби во куќа во Велес
15-годишен возач излетал од патот на влезот во Велес и се забил во една од куќите покрај патот. Тој управувал автомобил „порше“ со скопски регистерски таблички, а со него во возилото имало и 17-годишен сопатник.Настанот се случил вчера попладне, кога двајцата малолетници со автомобилот влегувале во Велес од правецот на Штип. Излетале во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“, пренесува Телеграф.мк
Среќна околност во целиот случај е што двајцата поминале без сериозно повреди.
30.09.2016 - 17:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа