СИТЕЛ: Редакциски коментар - Зоран Трајчевски води лична хајка против Сител

Директорот на агенција за Медиуми Зоран Трајчевски води лична хајка против Сител. Дел од членовите на ад хок телото за медиуми денеска на прес конференција потврдија дека Трајчевски противзаконски влегол на седницата и со ултимативен тон на членовите им наложил да бидат казнети Сител и ТВ Нова. Откако дел од членовите реагирале на незаконското присуство, Трајчевски им се нафрлил со лични наврдеди.

Со оваа незаконска и крајно неетичка постапка Трајчевски ја поништи идејата за постоење на ад хок тело за медиуми. Постоењето на ова тело, веќе е беспредметно бидејќи работи под директива на еден човек кој од само нему разбирливи причини решил, личните фрустрации да ги лечи врз грбот на одредени медиуми.
Откако дел од членовите на телото му рекле на Трајчевски дека прекршоците на Сител и Нова се минорни и дека ако се почне со казнување ќе мора да се казнат скоро сите медиуми, Трајчевски се заканил и рекол дека ако добијат казни и други радиодифузери, тој и агенцијата за медиуми ќе дадат јавно издвоено мислење дека не се согласуваат со тоа. 
Ова јасно зборува дека со Агенцијата за медиуми работи еден целосно исфрустриран човек кој своите одредени фрустрации ги лечи преку казнување на медиуми за кои тој отворено покажува дека ги мрази. 

Инаку фактите го говорат следното

Сител Телевизија доби извештај од мониторинг кој што во обем само по себе е поголем од извештаите на сите други телевизии заедно. Во извештајот се содржат такви глупости и небулози, кои беа причина за гласна смеа во редакцијата на Сител. 
Во својот извештај Трајчевски мерел

Дали уредникот кога најавувал бил саркастичен, зајадлив, хумористичен, гледал во висина или пак си го чешал носот.
Половина од извештајот е за тоа како Сител известувал за СЈО, како СЈО да е политички фактор во државата. Оттука, мониторирањето на известувањето за СЈО е смешно самото по себе. 

Но се чини врвот Трајчевски и неговите монитори го достигнаа, па дури и се надминаа себе си кога на цела една страна го раскажаа прилогот за извесен Медо Тозија. Замислете, прилог за Тозија и некаков филм се предмет на целосна анализа, опсервација и прераскажување, кое инаку е два пати подолга од самиот текст на прилогот. Мислиш, Медо Тозија е Заев, или не дај Боже Груевски, а човекот за жал е само обичен продуцент кој направил скандал на меѓународен настан, Филмскиот фестивал Манаки во Битола, што било и повод за прилогот. .

Токму така изгледа мониторингот и анализата за известувањето на Сител, што е вистинска слика за професионалноста на агенцијата за медиуми и мониторите на кои Трајчевски им ги крие имињата од јавноста. 

Сител јавно прашува. Во моментот кога најголем дел од медиумите го почитуваат законот и работат согласно воспоставените новинарски стандарди зошто Зоран Трајчевски прави се да го урне тој позитивен тренд и кои се неговите лични интереси кога го прави ова. 

Сител има делумен одговор на ова прашање. Во наредниот период ќе собереме уште докази и детално ќе ги презентираме пред македонската јавност. 

Во меѓувреме, Сител ќе ја истражи и законитоста на работењето на Зоран Трајчевски како раководител на ЕМО Охрид и ќе истражиме, на кој начин, Агенцијата за медиуми бесправно додели помош за настраданите во поплавите од пари на граѓаните кои имале строга наменска улога.
Истовремено, ги известуваме гледачите на Сител, дека нашиот правен тим ги разгледува сите аспекти и можности за поднесување на кривични пријави кон луѓето кои што вршат ваков срамен мониторинг, Зоран Трајчевски и членовите на ад хок телото.

 

 
 
30.09.2016 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега