СИТЕЛ: Паника во Аеродром - На Фејсбук повторно се појави информација за обид за киднапирање на дете

Нов обид за наводно киднапирање на дете во скопски  Аеродром. Граѓаните во паника, се шири страв и револт  од потресните сведоштва на социјалните мрежи. На мајка и било грабнато детето од раце,  додека ги внесувала во автомобил торбите од пазарењето во маркет. Според пишувањата и пристапила жена со црвена коса и се понудила за помош да го придржи детето, по што непознат маж го грабнал и се упатиле  кон автомобил да бегааат. Таа почнала да трча по нив и за среќа го земала детето по што киднаперите избегале, пишуваат граѓаните на интернет.  Жителите од околните згради на улицата 23 октомври поранешна Владимир Комаров за Сител велат дека не виделе ништо, но и се сомневаат дека ваквите сведоштва на социјалните мрежи се вистина. Некои од нив ја забележале полицијата во вечерните часови пред маркетот кој се наоѓа на самата улица.

На социјаланите мрежи коментираат и вработени од маркетот, како сведоци на обидот за грабнување на дете.

Од МВР информираат дека околу 19 часот вчера од страна на 34 годишната мајка е пријавено дека непознато женско лице на возраст околу 60 години се обидела да го грабне нејзиниот 2 годишен син. Полицијата излегла на местото на настанот,  извршен е разговор со пријавителката и преземени се мерки и случајот ќе биде расчистен во најкраток можен рок стои во соопштението од МВР.

Ова не е прв случај на социјалните мрежи да се раскажува за обид на киднапирање во СКопје. Претходно граѓани пишуваа дека обид за грабнување дете имало во Кисела Вода, Аеродром и Драчево. 

 
 
30.09.2016 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега