СИТЕЛ: Дојдоа првите казни за приготвување ајвар на јавен простор

Усни опомени наместо парични казни за жителите на урбаните средини кои пред станбените згради подготвуваат зимница. Есенскиот период кој во овие краеви е познат по приготвувањето ајвар, ги извади инспекторите задолжени за санкционирање на луѓето кои на јавен простор подготвуваат зимница.

Инспекторите од општина Карпош велат дека во овој момент нема голем број случаи во кои жителите пред станбените згради подготвуваат зимница но викендите се обично периодот од неделата кога овие активности се забележителни.

И жителите на Скопје не го оправдуваат подготвувањето на зимници на јавни површини бидејќи дополнително се загадува околината но и а се сосздава и отпад пред влезовите.

Неофицијално градските власти кои денеска не беа достапни за коментар напишале 10-тина казни за користење на јавните површини за подготвување зимница.

 
 
30.09.2016 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега