Во Тетово протест за изградба на капела

 Дел од жителите на Тетово од православна вероисповед попладнево со протестен собир, марш по главните градски улици и булевари и палење свеќи пред зградата на локалната самоуправа го искажаа своето незадоволство од започнатите, а сега напуштени работи за изградба на капела во близина на православните гробишта во градот.

Тие се незадоволни од, како што велат, неисполнетото ветување од страна на градоначалничката Теута Арифи дека многу скоро ќе биде изградена капелата што го прави Тетово единствен град во државата без ваков објект со што тетовци мора телата на починатите да ги чуваат во своите домови до нивното погребување. 

 
 
30.09.2016 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега