СИТЕЛ: Судење „Дива населба“: Сведок дал различни искази во предистражната постапка и денеска во судница

Судењето за случајот „Дива населба“ продолжи денеска со доказна постапка во големата сала на Врховниот суд. Роднина на двајца од обвинетите беше сослушан во својство на сведок. Според Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, тој дал различни искази во предистражната постапка и денеска во судница.
 
Одбраната реагираше дека го нема добиено записникот од неговото претходно сведочење и поради тоа, како што велат, тој не може да биде прогласен за непријателски сведок.
 
Откако исказот ќе биде доставен, сведокот повторно ќе биде сослушан.
 
Главната расправа продолжи со изведување материјални докази, кои беа предложени од Обвинителството напишани на 4.000 страници.
 
Денеска судењето беше отворено за јавноста по неколку месеци, затоа што досега пред судот сведочеа 18 заштитени сведоци. Судењето за случувањата во Дива населба почна на почеток на јуни откако судот ги спои предметите „Дива населба“ и „Молња“, во кои вкупно 37 лица се осомничени за тероризам и за терористичка организација.
 
 
 
30.09.2016 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега