Какво време не очекува денеска?

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево, преку денот ќе има мала до умерена локална облачност претежно висока. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до 10, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена локална облачност претежно висока. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Релативно топло време ќе се задржи и в понеделник. Од недела следува период на променливо облачно време со локални слаби врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава, а од понеделник воздушното струење ќе се промени во северно од каде ќе почне да се спушта постуден воздух особено во вторник и среда кога ќе дува засилен ветер од северен правец и ќе предизвика нагло опаѓање на дневната температура. 

 

 
 
01.10.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега