Во среда „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“

На 5 октомври од 20 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“  која ја организира фан-клубот на Тоше. 

Манифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт од македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-2007) и оттогаш секоја година на овој датум на плоштадот во главниот град се пеат неговите песни. 

На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во училиштата. 

На тој концерт Тоше го промовираше и последниот албум „Игри без граници“. По 11 дена, утрото на 16 октомври 2007, Тоше загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска, на 26-годишна возраст.

 
 
03.10.2016 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега