Сообраќајна несреќа кај Зоолошката градина во Скопје
Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека пред малку, на самата крстосница помеѓу булеварите Илинден и улицата Френклин Рузвелт во близина на Зоолошката градина, се случи сообраќајна незгода, сообраќајот се одвива нормално, но ЦУКС сепак апелира до сите што се движат кон овој потег да бидат внимателни, да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот или да изберат алтернативни траси на движење за да стигнат до посакуваната дестинација.
03.10.2016 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа